во ФЕИТ-ФабЛаб

Сакаме да ги подржиме младите со вештините и алатките што им се потребни за да ги оживеат своите идеи

За ФАБЛАБ

Нашата мисија

Нашата мисија е да поттикнеме култура на практично учење, соработка и иновации во областа на инженерството и технологијата. Сакаме да ги подржиме младите со вештините и алатките што им се потребни за да ги оживеат своите идеи, а истовремено да го премостиме јазот помеѓу академијата и индустријата.

Нашите цели

Зајакнување преку менторство

Веруваме во придобивките на едукацијата и менторството. Нашата примарна цел е да обезбедиме пристап до професионално менторство од нашиот висококвалификуван образовен кадар на ФЕИТ. Без разлика дали сте средношколец, хобист, студент, претприемач или искусен професионалец, ние сме тука да го поддржиме вашиот раст и развој.

Образование преку школи и работилници

Организираме широк спектар на школи и работилници кои покриваат актуелни теми и технологии. Овие настани се конципирани да ги подобрат вашите вештини, да ве одржуваат во тек со трендовите во индустријата и да обезбедат практично искуство со најновите хардверски и софтверски алатки.

Поттикнување на иновации преку натпревари

ФЕИТ-ФабЛаб е домаќин на натпревари кои се поставуваат како предизвик на поединци и тимови да творат и да се натпреваруваат со оригинални решенија.
Придружете ни се за да ги покажете вашите таленти и да станете дел од нашиот победнички тим!

Пристап до професионални алатки

ФЕИТ-ФабЛаб е опремен со најсовремени хардверски и софтверски ресурси кои ви се на располагање за вашите проекти. Без разлика дали сте студент кој работи на проект
или индустриска компанија која бара прототиопно решение, нашата професионална опрема е на располагање за вашите потреби.

Поттикнување на индустриски соработки

Активно бараме соработка со индустриски компании за да го премости јазот помеѓу академијата и индустријата. Преку креирање партнерствата и размената на знаење, имаме за цел да го забрзаме технолошкиот напредок и да го поттикнеме економскиот раст.

Придружете ни се во
ФЕИТ-ФабЛаб

 и тргнете по патот на учењето, креативност и иновации. Заедно, можеме да изградиме посветла иднина поттикната од технологијата и инженерството. Истражете ја нашата веб-страница за да дознаете повеќе за нашите проекти, претстојните настани и како можете да се вклучите.

Заедно да ја обликуваме иднината!